Владата контра Тупанчевски: Прекршен е етичкиот кодекс!
Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска до министерот за правда Никола Тупанчески доставила писмена опомена до министерот за правда Никола Тупанчески за непочитување на член 12 и член 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата, одговорија од Кабинетот на министерката на прашање на „Фокус“.
-Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчески ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажува дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција, велат од Кабинетот.
Истовремено, врз основа на анализите направени изминатиот месец и утврдените слабости во Кодексот, а во соработка со меѓународни партнери од Кабинетот на вицепремиерката Грковска најавуваат подобрување на решенијата предвидени во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата.
Министерот Тупанчески прво тврдеше дека сам си ги платил билетот и авионската карта за патувањето на натпреварот Италија-Македонија, а потоа призна дека сепак платил само за хотелското сместување, а авионската карта со чартерот на ФФМ и билетот за натпреварот ги добил гратис.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
(Видео) Османи: Не размислуваме да влеземе во…
Во оваа Влада не размислуваме да влеземе,…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…
Владата и МНР без реакција на грчкиот…
Молк од Владата и Министерството за надворешни…