УЕФА има нов партнер – Нема веќе “Панини” сликички
Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави денеска дека нов ексклузивен партнер за изработка на самолепливи сликички за следните две европски првенства ќе биде американската компанија „Топс“ (Topps).
Со тоа е ставен крај на долгогодишното партнерство меѓу УЕФА и италијанската фирма „Панини“, кое траеше од 1977 година.
Договорот за соработка со американската компанија ќе биде на сила до 2028 година, а „Топс“ за амбасадор на ЕУРО2024 го избра прославениот португалски тренер Жозе Мурињо.
Компанијата „Топс“ од порано веќе е официјален партнер на Лигата на шампиони и сите други клупски натпреварувања во организација на УЕФА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЕФА отвори истрага против фудбалерот Мирлинд Даку…
Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку се наоѓа под…
УЕФА најави казни за здруженото скандирање „У*иј…
Како што беше објавено на веб-страницата на…
УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со…
Парична казна во износ од 33.000 евра,…
Руската фудбалска федерација се повлекува од УЕФА,…
Руската фудбалска федерација во вторник официјално ќе…
УЕФА го казни Фенербахче бидејќи навивачите скандирале…
УЕФА изрече казната за турскиот фудбалски клуб…