Руската фудбалска федерација се повлекува од УЕФА, ќе членува во Азиската фудбалска конфедерација
Руската фудбалска федерација во вторник официјално ќе се повлече од УЕФА и ќе се приклучи на Азиската фудбалска конфедерација, изјави претседателот на ФСР, Александар Ѓуков, а пренесува Танјуг.
На руските клубови и националниот тим им е забрането да играат во натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА, поради санкциите под кои Русија е од почетокот на војната во Украина.
„Оваа одлука сигурно ќе влијае на тоа како ќе се развива рускиот фудбал во следните 10 години. Почнавме да разговараме за тоа, но се согласивме дека прво треба да ги анализираме сите можни сценарија и нивните последици. Доволно е само да се спореди односот на Азија и Европа кон нас. Во Азија имаме 48 репрезентации и само две-три не сакаат да играат против нас. Сосема е различно од она што се случува во Европа, каде повеќе од половина репрезентации не сакаат да се сретнат со нас“, изјави Ѓуков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…