Конгресот ѝ препорача на министерката: Санкциите мора да ги опфаќаат руските нафта и гас
Западните санкции против Русија мора да се прошират и да ја вклучат продажбата на нафта и гас, и препорачаа членовите на американскиот Конгрес на американската министерка за финансии Џенет Јелен.
Јелен, која го надгледува спроведувањето на американските санкции против Русија, сведочи во Вашингтон за меѓународните напори да се одговори на војната во Украина.
Западните сојузници ја погодија Русија со строги санкции, но досега дозволија неколку пропусти за трансакциите со нафта и гас, загрижени за економското влијание во нивните земји.
„Можеме да направиме повеќе“, рече пратеникот Енди Бар, републиканец од Кентаки.
„Злосторствата… налагаат САД да ја користат целосната моќ на санкциите, вклучително и сеопфатно ограничување на способноста на Русија да профитира од продажбата на нафта и гас“.
Јелен изјави дека САД соработуваат со сојузниците на ова прашање додека тие вршат притисок да го намалат нивното потпирање.
„За жал, многу од нашите европски партнери остануваат силно зависни од рускиот природен гас и нафта“, рече таа. „Ние тесно соработуваме со нив за санкциите и сакаме да останеме усогласени со нив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата падна под 108 долари…
Цената на Брент се спушти под 108…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…