Ѓорѓиевски и се заблагодари на Арсовска: Меѓуопштинската соработка е на највисоко ниво, во Драчево се решава 30 годишен проблем на граѓаните
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска извршија увид во состојбата на улицата Славка Динкова во населба Драчево, општина Кисела Вода, за што Градот Скопје издвои 50.5 милиони денари за реконструкција на улицата и поставување на нова атмосферска канализација.
Ѓорѓиевски се заблагодари на Арсовска, но и на Градот Скопје за одличната меѓуопштинска соработка и поради фактот што после 30 години се наоѓа решение за еден од најклучните проблеми со кои се соочуваат драчевчани.
-Сакам да се заблагодарам во име на драчевчани, во име на граѓаните на Кисела Вода на градоначалничката на Градот Скопје и на Градот Скопје бидејќи за прв пат после толку години не важиме за општина која што е на маргините. Во изминатиот период можете да забележите дека освен присуството на градоначалничката и на градот во нашата општина се реализираат проекти како што е овој за кој потпишуваме договор за меѓуопштинска соработка. Како што напомена градоначалничката Арсовска ова е долгогодишен сериозен проблем, проблем кој сега ќе се реши, нема да се изгради само надземна инфраструктурата на улицата, ќе има ново осветлување и тротоари. Исто така се решава и сериозниот проблем околу атмосферската канализација кој е присутен 30 години на овој потег. Со оваа улица и со улицата Живко Пирков која ја гради Општина Кисела Вода, проект кој е напредна фаза , се решаваат главните артерии на населбата. Како што можевте да приметите кога патувавте накај Драчево интензивно се работи благодарение на градоначалничката и на Булеварот Борис Трајковски. Со што би сакал да потенцира дека сето она што овде 30 годни не беше сработено, не беше ни тема на разговор, ниту имаше проекти, благодарение на соработката со Градот Скопје и градоначалничката Арсовска во нашава општина ги решаваме овие децениски проблеми. Како општина во Драчево ги решаваме сите околни пристапни улици. Паралелно работиме и во Пржино и во Црниче, на Рилски Конгрес имавме целосна реконструкција. Ја реконструиравме и атмосферската канализација на улица Наум Охридски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…