Иранскиот претседател: Не планираме да се откажеме од развивање на нуклеарната индустрија
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси денеска нагласи дека Техеран нема да се откаже од своето право да развива сопствена нуклеарна индустрија за мирољубиви цели и дека сите страни кои сакаат да го обноват нуклеарниот договор од 2015 година треба да го почитуваат тоа.
Индиректните преговори меѓу Иран и САД во Виена заглавија по единаесет месеци, бидејќи двете страни тврдат дека Техеран и Вашингтон мора да донесат политички одлуки за да ги решат преостанатите прашања.
„Повеќе од сто пати, нашата порака од Техеран до Виена е дека нема да отстапиме од нуклеарните права на иранскиот народ… ниту еден милиметар“, изјави Раиси на Денот на нуклеарната технологија во Иран. Раиси го повтори ставот на Иран да ја користи нуклеарната програма исклучиво за мирољубиви цели.
САД размислуваат да ја отстранат иранската Револуционерна гарда од листата на странски терористички организации доколку Иран се обврзе да ги ограничи своите активности, изјавија ирански и западни извори.
Ирански дипломат изјави дека Техеран го отфрлил предлогот на САД за отстранување на гардата од списокот, но ги оставил на него бригадите за специјални операции Ал Кудс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Ерусалим пост го цитира иранскиот МНР: ИРАН…
Иран одлучи да го нападне Израел, изјави…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Иран крена црвено знаме над џамијата, еве…
ИРАН го крена црвеното знаме на одмазда…
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ИРАН: Најмалку 4 лица…
Најмалку четири лица загинаа, а 120 се…