Борел: Трогнати сме од гостопримството и издржливоста на Зеленски, оваа војна ќе се добие на бојното поле
„Тогнати сме од издржливоста, одлучноста и гостопримството на Володимир Зеленски и Денис Шмигаљ.
Се враќам со јасна листа на задачи:
- Оваа војна ќе се добие на бојното поле. Пристигнуваат дополнителни 500 милиони евра. Испораките на оружје ќе бидат приспособени на украинските потреби.
- Воени злосторства: бруталниот напад на Русија врз беспомошните цивили во Краматорск уште еднаш покажува дека Кремљ не го почитува целосно човечкиот живот. Ова само ќе ја зголеми нашата поддршка за Украина. Средба утре.
- Мора да продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија. Веќе воведовме големи санкции, но треба да се направи повеќе во енергетскиот сектор, вклучително и нафтата.
- Во понеделник го свикам Советот за надворешни работи на ЕУ за да разговарам за следните чекори.
Украина ќе победи и ќе се издигне уште посилна, а ЕУ ќе продолжи да стои покрај вас на секој чекор.
Слава на Украина!“, објави на Твитер шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Највисокиот дипломат на ЕУ го критикува Израел…
Западен Ерусалим покажа „ужасен недостаток на дистинкција“…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…