Акција на МВР: Пронајдена дрога во угостителски објект во Скопје, уапсени се седум лица

t

Седум лица се лишени од слобода откако кај нив при контроли извршени синоќа од страна на припадници на МВР во повеќе угостителски објекти и прегледи на повеќе патнички возила во Скопје, биле пронајдени марихуана, кокаин и таблети екстази.

Како што соопшти МВР, контролите се извршени во периодот од 21.30 часот на 9 април до 3:00 часот на 10 април 2022 година од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

-Имено, кај М.Ѓ.(33) и кај Д.Д.(31) била пронајдена марихуана, кај К.Т.(33) и кај Е.И.(24) била пронајдена бела прашкаста материја, кај С.И.(48) била пронајдена „екстази“, кај И.С.(24) кокаин, кај С.С.(25) биле пронајдени бела прашкаста материја и дигитална вага. По извршените проверки било утврдено дека Д.Д. бил баран по потерница од Основен суд Охрид за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Тој бил предаден во СВР Охрид за понатамошна постапка, наведуваат од МВР.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Претепан вработен во казино од три лица…

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје,…