Објавено на:

ЗА ДОЛГО СЕЌАВАЊЕ – Украинска двојка направила свадбени фотографии во уништените знаменитости на Харков

t

Поради постојаното гранатирање на Харков, украинската двојка се венчала во метро, ​​а потоа решиле да направат свадбени фотографии во разурнатите знаменитости на нивниот град.
Настја Грачева и Антон Соколов се млад пар кој решил да се венча за време на војната во Украина, па поради безбедносни причини церемонијата морала да се изврши во метро.
Фотографиите од нивната венчавка објавени на Твитер покажуваат како изгледа свадба во град под постојано гранатирање.
„Свадбата во градот под постојано гранатирање изгледа вака: Фото област во позадина на уништената позната зграда и бомбардираниот центар на градот, церемонија во метрото. Ова е силна порака до светот – Харков се противи и живее”, навела.
Според странските медиуми, Антон и Анастасија не можат да одат на меден месец, но еден ден, кога војната ќе заврши, сакаат да одат во приморски град со плажи и палми. Пред тоа да се случи, им претстои војна за победа и тешки денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…