(Фото) МВР распиша меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски, еден од осомничените за убиството на Денис Тот
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за Анџело Ѓоргиевски, роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.
Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот, кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.

(Фото – Слободен печат)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница
Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…
Приведен криминалец баран со потерница за затворска…
Во Скопје денеска е приведен криминалец кој…
Kриминалец баран со потерница за казна затвор…
Криминалец баран со потерница за казна затвор…
Неофицијално: Исмет Гури се предаде на полицијата…
Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи,…
Приведени две лица кои се барале по…
На 09.08.2024 година во 17,40 часот од…