Ѓоковиќ: Ми треба малку време да се вратам во ритам
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој вчера е елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Монте Карло, рече дека му е потребно време да се врати во посакуваниот ритам.
– Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе влезам во форма за Грен слемот „Ролан Гарос“. Ова е главната цел за овој дел од сезоната. Знаев дека ќе ми треба малку време за навистина да се прилагодам на земјените подлоги. површината. Историски гледано, тоа отсекогаш било така. Никогаш не играв многу добро на првите земјени турнири во сезоната. Но нормално е. Морам да го прифатам овој пораз и да продолжам понатаму, изјави Ѓоковиќ.
Србинот вчера во второто коло на Мастерсот во Монте Карло загуби од 46-от на АТП ранг-листата, Алехандро Давидович- Фокина со 1:2, по сетови 3:6, 7:6 и 1:6.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на заболени од грип, Тетово…
Бројот на заболени од грип и заболувања…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…
Приведен 37-годишен дрвокрадец во Кучевиште
МВР информира дека вчера попладне околу 19:00…
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…