Се косат нараснатите тревни површини низ општина Кисела Вода
Четириесетина сезонски работници ангажирани од Општина Кисела Вода од утрово се на терен. Едновремено, низ сите месни и урбани заедници се косат нараснатите тревни површини. Се работи со засилено темпо со цел убавото време кое претстои, граѓаните да можат да го искористат во парковите и на другите локации предвидени за одмор и рекреација.
Пред само две седмици заврши и големата акција која се спроведуваше со Град Скопје, преку која јавните препријатија темелно ги чистеа поголемите улици кои се во нивна надлежност, а редовното расчистување на локалните улици и мини депониите од страна на Општина Кисела Вода непрекинато тече.
Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период. Како што најави градоначалникот Ѓорѓиевски, подобрената услуга од комуналните служби ќе резултира со чисти улици и средени паркови, со чиста и зелена Кисела Вода, како што доликува на една модерна општина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…
Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…
(Фото) Само во Русија: Изложба на воени…
Запленетите германски тенкови Леопард 2 и пешадиско…
23 години од масакрот кај Вејце –…
Денеска се одбележуваат 23 години од нападот…
Петровска: Ќе седите дома, додека децата ни…
Вечерва немам намера да ви држам говори…
(Видео) Апасиев: Ни нудат концепт на либанизација…
“Етнотрибализмот ни го сервираат како европска вредност.…