Објавено на:

Ги “префати” од Македонија: Косовските синдикати бараат зголемување на минималната плата на 400 евра

t

Независниот синдикат на приватниот сектор на Косово (СПСПК) изрази незадоволство од нацрт-законот што денеска го усвои владата на Албин Курти, со кој се предвидува минималната месечна плата во земјата да изнесува 250 евра, и останува на барањето таа да биде 400 евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателот на синдикатот на приватниците, Јусуф Аземи, изјави дека една од главните причини за таквото барање е недостигот на работна сила во државата.

– СПСПК останува на ставот дека минимална плата под 400 евра не може да се прифати. За оваа плата ние како пример зедовме едно четтиричлено семејство и видовме дека за неговите минимални потреби не се доволни ниту 460 евра. Дополнителна причина зошто го бараме тој минимум е недостигот на работна сила. За нашите улуги кои им ги даваме на сопствениците на компаниите сега ние ја одредуваме цената, изјави Аземи на прес-конференција.

Според СПСПК, и начинот на кој се нашол предлог-законот во владата е незаконски.

– Минималната плата се предлага од Економско-социјалниот совет на Владата, а Владата го праќа во Собрание. Советот не е прашан воопшто и во Владата е испратен на незаконски начин. Ние можеме да го гледаме како позитивно зголемувањето, но тоа не ги исполнува ниту елементарните потреби, изјави Аземи. иа

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…