(Фото) Државна болница како сцена од хорор филм: Место за лекување или извор на зараза

t

Искршени тоалети, искршени и пожолтени лавабоа, канти за отпадоци на сред ходник, мувла и р’ѓа по прозорците и радијаторите…

Вака најблаго може да се опише состојбата во ургентниот центар на т.н “Државна болница” во која се примаат пациенти од цела Македонија.

“Е ова е клиника, ургентен центар…. Чисто, педантно, нема сомнение дека може да закачиш некоја инфекција од нечистотија” велат за Инфомакс револтирани пациенти кои испратија морничави фотографии од болницата.

Поголема е можноста некој да се зарази, отколку да се излечи во вакви услови. Од фотографиите може да се види дека не се посветува сособено внимание на хигиената на место кое треба да биде најчисто, без можност за било каква контаминација на медицинскиот материјал, или пренесување на бактерии опасни по животот на пациентите, но и на вработените медицински лица.

Пациентите апелираат во најскоро време да се преземат мерки за подобрување на состојбата не само во Државна болница, туку во сите државни здравствени установи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…

Голем пожар во болница на Златибор!

Локализиран е пожарот што избувна половина час…

Повредениот во експлозијата во Куманово, по укажаната…

Повредениот при пожар од експлозија на плинска…