Објавено на:

Чекор кон формирање на Голема Албанија: Албански аналитичар бара спојување на Косово со Албанија

t

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши, оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.

-Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, пишува Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија”.

Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.

-За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.

Во објавата на Фејсбук вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци”.

Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, беше министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, портпарол на владата, како и заменик-министер за надворешни работи. Потоа ја напушти Демократската партија и ја формира партијата „Либра”, која набрзо згасна.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…