Секоја чест: Македонка во Шведска магистрираше на тема „27 април“ – процес спротивен на конвенцијата за човекови права
Македонка од Шведска, Наде Дуклеска, напиша научен труд за судскиот процес ,,27 Април’’, со кој магистрирала во тамошниот престижен Лундски Универзитет.
Според научниот труд судскиот процес за ,,27 Април’’ е спротивен на конвенцијата за човекови права. Ова не е првпат судскиот процес за ,,27 Април’’ во странство да биде оценет негативно, претходно имаше и одлуки на судови во странство кои процесот го квалификуваа како политички процес.
И домашни експерти повеќе пати укажуваа на неоснованост на квалификацијата на делото како тероризам. За споредба за упадот во Капитол Хил во САД пресудите се многу помали а иако таму имаше и жртви сепак делото не се квалификува како тероризам, додека за упадот во македонското собрание во судскиот случај ,,27 Април’’ беа осудени луѓе на 2 века затвор во 21 век, се вели во описот на трудот.
Во прилог проследуваме линк од јавно објавен и достапен, успешно одбранет, магистерски труд како научно дело на Nade Dukleska, Nade Dukleska,со кој научен труд ги заокружува мастер студиите за човекови права и тоа на престижниот Лундски Универзитет во Шведска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…
Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…