Објавено на:

Украински Генералштаб: Руските сили се фокусираат на напади врз градовите во регионот Луганск

t

Во најновата проценка на украинската војска за состојбата во земјата се наведува дека руските сили во моментов ги фокусираат своите напади во источна Украина, во обид да ги освојат градовите Попасна и Рубижне, во регионот Луганск.

Според извештајот на украинскиот Генералштаб, тие не успеваат во тоа.

Официјален Киев, во следните неколку дена, очекува голема руска офанзива во источна Украина.

Во извештајот се додава дека украинските сили одбиле напади на осум места во регионите Луганск и Доњецк, уништувајќи неколку руски тенкови и артилериски систем во текот на изминатиот ден.

Во овие два региона Украина стационираше голем број војници за да им се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија.

Русија во последните неколку дена го зголемува бројот на војници во областа. Некои руски војници претходно распоредени во близина на северниот украински град Чернихив сега се стационирани околу Зиверодонецк, голем град во близина на Рубижне – се навеудва во извештајот на украинската војска што го пренесува ДПА.

Американскиот Институт за проучување на војната (ISW) наведува дека доколку се потврди веста, тогаш тоа ќе биде првата единица што е повлечена и прераспоредена во источна Украина од борбите во североисточна Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир…

Носителот на листата во шестата изборна единица…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

„Престанете со копање по минатото“ им порача…

И на вечерашниот митинг во Кочани, СДСМ…