Алијанса за Албанците со поддршка за СОНК: Келнери и пекари земаат поголема плата од наставниците, вели Таравари

t

Алијансата за Албанците го поддржува штрајкот во образованието. Од оваа партија велат дека наставниците го бараат тоа што го заслужуваат. Генералниот секретар на партијата Арбен Таравари вели дека наставниците се платени под секој стандард и оти со такви плати не може да се очекува резултат од образовните институции.

Ги поддржувавме и ќе ги поддржуваме. Мислам дека тоа е право што тие апсолутно го заслужуваат. Во Македонија обичен келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор во средно или основно училиште, но и на некои факултети, рече Таравари, кој денеска беше дел од Јавна дебата за образованието, организирана од Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК нема да учествува на работничкиот протест…

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…

Трендафилов го подбра Неделков: НЕ ТИ Е…

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,…

Ќе се зголемат платите во јавните установи…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…