Објавено на:

Демографска криза во Албанија: Населението се намалило за повеќе од 36.000 за една година

t

Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека населението во Албанија се намалило на 2,79 милиони жители, што е за над 36 илјади помалку од пред една година, што дополнително ги влошува демографските показатели на земјата.

-Економските неможности и желбата за подобар живот предизвикаа над 42 илјади луѓе да ја напуштат земјата минатата година, речиси двојно повеќе од 2020 година, што е многу загрижувачка бројка за Албанија, која официјално е во демографска криза, констатира Топ чанел.

Падот на наталитетот и зголемувањето на морталитетот, главно поради пандемијата, направија природниот прираст минатата година да биде негативен со 3.200 смртни случаи повеќе од новородени. Вкупно минатата година животот го загубија над 30.000 луѓе.

-Исто така миграциските движења во земјата се зголемија, бидејќи населението во руралните области се повеќе се приближува кон урбаните центри, како што се Тирана, Драч и Фиер, кои имаат најголем дел од населението во земјата, над половина од вкупната популација. Ова се должи на поголемите можности што овие региони ги нудат како во однос на вработување, така и во однос на услугите, со што тие имаат и најголем удел во економијата на земјата, наведува телевизијата.

Официјалната статистика потврдува дека во текот на 2021 година, од 12 окрузи само еден од нив бележи пораст на населението и тоа е токму главниот град, додека во другите 11 окрузи населението бележи намалување. Најголемо намалување на бројот на жители е забележано во регионите на Ѓирокастро, Берат и Пешкопеја.

Населението во Албанија исто така забрзано старее, бидејќи просечната возраст достигна 38,2 години, од 37,6 години, колку што беше лани.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…

Советот на општина Тирана на денешната седница…

Се празнат затворите во Албанија, стапи на…

Во Албанија од денеска почнува имплементацијата на…

Нов рекорд за албанскиот туризам: 1,7 милиони…

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку објава…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…