СОНК: Изгубените часови на учениците ќе се надокнадат со позбиена форма и поголема динамика

t

Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост во позбиена форма или со поголема динамика, истакна денеска претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.

Имаме искуство, сме работеле и друг пат во такви услови и за време на пандемијата кога наставните часови беа 30 минути, а требаше истата содржина да се реализира во рамки на 30 минути. Досега наставниците имаат изгубено зависи кој наставен предмет, еден, два или три, еветуално пет наставни часа ако е математика или јазик меѓутоа секој од наставниците знаат како тоа да го надоместат, рече Неделков, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој на прес-конференција соопшти дека генералниот штрајк на СОНК ќе продолжи и понатаму и оти Советот на СОНК одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите, со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОНК нема да учествува на работничкиот протест…

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска порача…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…

Трендафилов го подбра Неделков: НЕ ТИ Е…

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,…

Ќе се зголемат платите во јавните установи…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…

СОНК не ја прифаќа одлуката на МОН…

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура…