Објавено на:

Зеленски: Нека дојдат Бајден и Макрон лично овде, ќе се уверат дека има геноцид

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден треба да ја посети Украина и оти бегалците кои ја напуштиле земјата сè уште не треба да се вратат.

Мислам дека Бајден, како претседател на САД, треба да дојде овде и да види сè со свои очи, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Минатиот петок Белата куќа соопшти дека патување на Бајден во Украина во моментов не е планирано, додека американскиот лидер претходно посочи дека одлучува кој од високите американски функционери ќе ја посети Украина во блиска иднина.

Зеленски изрази уверување дека повеќето бегалци сакаат да се вратат во Украина и оти ќе можат да го сторат тоа кога ќе завршат непријателствата.

Ја знам статистиката, 93-95 отсто од оние што заминале сакаат да се вратат дома. Мислам дека сега не е време за тоа, бидејќи се работи за жени и деца. Тие треба да се вратат кога ситуацијата ќе се стабилизира, рече тој.

Зеленски го поканил и францускиот претседател Емануел Макрон да ја посети Украина за да се увери од прва рака дека руските сили вршат „геноцид“, термин кој Макрон не го користи.

Разговарав со Макрон. Тој сака да обезбеди Русија да се вклучи во дијалог, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, обидувајќи се да објасни зошто Макрон одбива да го користи терминот геноцид во Украина, за разлика од американскиот претседател Џозеф Бајден.

Зеленски прво го оцени како навредливо одбивањето на Макрон да ги означи злосторствата во Украина како геноцид.

Му реков (на Макрон) дека сакам да сфати дека ова не е војна, дека тоа не е ништо друго освен геноцид. Го поканив да дојде кога ќе има можност. Тој ќе дојде да види и сигурен сум дека ќе сфати, рече Зеленски.

Макрон, кој е во кампања за вториот круг од претседателските избори во Франција, неодамна изјави дека злосторствата во една земја треба да бидат означени како „геноцид“ од правосудните органи, а не од политичарите. Тој додаде дека влегувањето во „вербална тензија“ нема да и помогне на Украина,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден им врачува медали на Хилари Клинтон,…

Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и актерот и…

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…