Центар Жупа повторно остана без градоначалник
И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи.
Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.
На локалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто.
Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.
За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија.
Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претепано дете во скопски Центар, претходно два…
„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…
Скопјанец пронајден починат во домот во Центар
Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…
За првпат по 50 години Центар доби…
Денеска, Општина Центар свечено ја отвори новата…
Пронајден починат 39-годишен скопјанец во подрачјето на…
На 10.04.2025 во 22.00 часот во СВР…
Дел од Центар утре ќе биде без…
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…