Објавено на:

(Видео) Ле Пен омекна: Сепак нема да забрани носење на хиџаб во државни институции?

t

Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен која планира да го забрани носењето хиџаб кај жените во јавниот простор се соочува со жестоки критики поради ваквиот став. Поради огромните критики, сојузниците на Ле Пен велат дека нејзината реторика околу ова прашање „омекнува“, иако се чини дека и да дојде на власт, за оваа одлука последен збор ќе дадат пратениците во парламентот, пишува Ројтерс.

Забелешките, за едно од главните спорни прашања во француската политика во последниве години, деновиве се меѓу главните теми во француската јавност, откако екстремно десничарската партија на Ле Пен е под повнимателен надзор на помалку од една недела од вториот круг на изборите.

Луис Алиот, екстремно десничарскиот градоначалник на Перпињан и поранешен сопруг на Ле Пен, во интервју за радиото Франс Интер рече дека забраната за хиџаб е една од неколкуте политички алатки за борба против „исламизмот“.

Забраната треба прво да ги таргетира државните услуги, рече тој, пред да биде проширена „малку по малку“. „Ќе има дебата во парламентот и потоа ќе се направи изборот“, рече тој.

Друг сојузник на Ле Пен, Дејвид Рашлин, градоначалник на медитеранскиот град Фрежус вели: „Не сакаме да ги напаѓаме луѓето, сите оние жени кои носат хиџаб не се исламисти“, рече тој.

Ле Пен претходно изјави дека хиџабот не може да се гледа како знак на верското верување на една личност, туку дека е „исламистичка униформа“ која треба да биде забранета од францускиот јавен простор.

Таа во последниве години се трудеше да го ублажи својот имиџ, префрлајќи го својот фокус од идентитетските прашања кон куповната моќ, приоритет број еден за француските гласачи, но таа не ги отфрли екстремно десничарските политики од нејзината изборна програма.

Прашањата поврзани со француското муслиманско население, едно од најголемите во Европа, станаа жешко прашање во земјата во која во последните години беа забележани серија смртоносни екстремистички напади.

Адвокатите во Франција рекоа дека забраната на хиџаб ќе биде насочена дискриминација на муслиманските жени и ќе го прекрши францускиот устав.

Ривалскиот претседател на Ле Пен, Емануел Макрон, минатата недела се сретна со жена на кампањата која му кажа дека ја носи шамијата по сопствен избор и се смета себеси за „феминистка“, на што Макрон одговори: „Ова е најдобриот одговор на сите глупости“.

Спротивно на тоа, Ле Пен во петокот изгледаше засрамено кога ѝ пријде жена со хиџаб пред камерите, која и рече „да ги остави муслиманите на мира“, додавајќи: „Ние сме Французи, ја сакаме оваа земја“.

Еден ден по инцидентот, Ле Пен рече дека признава дека прашањето е „комплексно“, додавајќи дека парламентот ќе го каже своето мислење за одлуката и дека, благодарение на нејзиниот предложен референдум од граѓаните, секој несакан закон може да биде отповикан.

Превод: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Жените кои не носат хиџаб нема да…

Во метрото во Техеран ќе се формираат…

Ердоган предлага референдум за задолжително носење на…

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, предложи да…

Марин: Нема да има нуклеарно оружје на…

Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО…

(Видео) Ле Пен омекна: Сепак нема да…

Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен која…