Турција не смее да биде принудена да прави избор меѓу Русија и Украина
Турција не може да биде принудена да направи избор меѓу Русија и Украина, изјави денеска шефот на Одделот за комуникации во администрацијата на турскиот претседател, Фахретин Алтун.
-Турција останува важен фактор за стабилизација во регионот на Црното Море, а разговорите во Истанбул се важна основа врз која конфликтните страни можат да постигнат договор за прекин на огнот и мир во Украина, рече Алтун, пренесен од Анадолија.
Алтун потсети дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано комуницира со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Владимир Зеленски и дека шефовите на дипломатиите на двете земји, организирани од Турција, се сретнале на Дипломатскиот форум во Анталија, а нивни делегации во Истанбул, наведуваат руските медиуми. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…
Турција го суспендира безвизниот режим за граѓаните…
Со указ на турскиот претседател Реџеп Таип…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…
Владата на Румен Радев одобри испраќање до…