ГРУЕВСКИ ЗА ВОСОЧНИОТ ВАНЧО МИХАЈЛОВ: И музеjот Мадам Тисо во Лондон не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини или пак Сталин во Прага

t

Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини, или пак Сталин во ист таков музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму!

Ова е одговорот на акспремиерот Никола Груевски, во врска со восочната фигура на Ванчо Михајлов во македонскиот музеј што беше отворен за време додека Груевски беше премиер на Република Македонија.

Неговиот одговор следи по обвинувањата од кругови блиски на актуелната власт дека „и во негово време бил славен Ванчо Михајлов“, со намера да се релативизира скандалот со отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Во продолѓение целата објава на Груевски на неговиот профил на Фејсбук:

Зошто имало восочни фигури и слики од еден или друг лик во историски музеј? Затоа што тоа не е музеј на хероите, туку музеј кој ја визуелизира историјата каква што била, а дел од неа се и хероите и антихероите и сите што одбележале некоја историска епоха на одреден простор со своето делување.

Така е во целиот свет. Поставките во еден таков музеј не претендираат да ја толкуваат историја. Тоа евентуално може да го прави кустосот кој дава информации поврзани со поставките во музејот. Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон или Хонг Конг не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини, или пак Сталин во истиот музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму.

Не може да се прикаже историјата во историски но и во други типови музеи само со селективен избор на настани и ликови. Се друго е или незнаење или дневна политика и партиски препукувања. Фотографии од музеите низ светот-подолу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На празник си заминуваат праведните: По долго…

После долго боледување, денеска на Велики Четврток,…

Полицијата во САД уби ученик пред училиште…

Американската полиција убила ученик пред средно училиште…

Пак … Зеленски отпушти висок разузнавач поради…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја…

(Фото) Отказ за полицајката Вера која му…

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде…

Пронајдено лице пријавено за изгубено на Водно

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека на 112,…