Објавено на:

Норвешката влада се извини за закон со кој се гонеле хомосексуалците

t

Норвешката Влада денеска официјално се извини за законот укинат во 1972 година со кој беше криминализиран сексуалниот однос меѓу мажите.

Околу 120 луѓе беа уапсени и притворени помеѓу 1902 и 1950 година, според законот укинат 22 години подоцна, на 21 април 1972 година.

Ден пред 50-годишнината, премиерот Јонас Гар Стоере упати официјално извинување од властите поради законот.

– Преку законите, но и мрежата на санкции, ние како народ и општество ставивме до знаење дека не прифаќаме квир љубов. Владата сака да се извини за тоа, рече лидерот на Лабуристите.

– Овој закон уништи многу животи, рече министерката за култура и еднаквост Анет Третебергстуен, која и самата е хомосексуалка.

Норвешка ја декриминализираше хомосексуалноста во 1972 година и им овозможи на истополовите партнери да имаат животно партнерство во 1993 година, како втора земја во светот што го направи тоа, по Данска.

Хомосексуалните бракови беа законски изедначени со хетеросексуалните во 2009 година.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Началникот на норвешката армија го повика НАТО…

НАТО има само две до три години…

Масовниот убиец Брејвик ја тужи Норвешка поради…

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик се појави денеска…

Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…

Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…

Норвешкиот парламент повикува на подготвеност да се…

Норвешкиот парламент усвои резолуција со која ја…