“С’шти народ” – Гаф на бугарскиот претседател: На средбата со Кулеба ги нарече Русите и Украинците браќа
Гаф ја одбележа средбата на министерот за надворешни работи на Украина Дмитриј Кулеба и претседателот Румен Радев во Софија.
Шефот на бугарската држава на почетокот на својот говор повика што поскоро да се прекине братоубиствената војна во Украина. Како одговор, пак, гостинот рече:
-Откако Русија ја нападна Украина и изврши ужасни злосторства, се согласувам со вас дека сторителите треба да бидат казнети, но малкумина можат да го превртат јазикот и да ги наречат братски украинскиот и рускиот народ. Мислам дека Украинците и Бугарите имаат повеќе причина да се нарекуваат братски народи, особено по оваа поддршка што ја дадовте. Украина ги третира сите етнички групи подеднакво, без оглед на тоа кои се тие. Ние имаме една задача – да ја заштитиме нашата земја, му возвратил Кулеба.
Инаку, Радев повика во рамките на ЕУ да се бара можност за побрзо закрепнување на Украина, како и наскоро да се спроведе независна меѓународна истрага за убиствата на цивили и злосторствата за време на војната, а одговорните за тоа да бидат најстрого казнети.
Радев изрази и надеж дека Украина прави се што е можно за да го заштити бугарското национално малцинство.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев денеска има разговор во „четири очи“…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…
Кулеба: Добиваме повеќе оружје и друга помош!
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба…
ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…
Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…
Дали Петков ќе ја посети или не…
По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…
Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…
Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…