Павле Трајанов удри по Ковачевски: Откако е премиер не се консултира со нас за спорот со Бугарија – Ние бараме признавање на македонското малцинство таму!
Лидерот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов, вели дека коалицијата не била консултирана за ниту едно прашање поврзано со Бугарија откако Димитар Ковачевски е премиер.
-Не сме имале таква можност. Со Заев отворено сме разговарале неколкупати, но тоа помина. Сега сме влада со нова програма и нови определби, но за бугарското прашање со Заев сме имале различни ставови. Ставот на ДС е јасен, ние сме Македонци со свој јазик. Бараме реципроцитет во врска со прашањето за малцинствата во двете земји. Немаме проблем Бугарите да влезат во македонскиот Устав, но истото да се случи и со македонското малцинство во Бугарија. Голем број пратеници нема да поддржат решение кое нема да вклучува реципроцитет. Наша цел е Македонците да бидат признати во Бугарија. Ние како држава сме демократска, секој може да формира своја партија, се негира обичаи на одредено малцинство, зошто да биде тоа проблем и во Бугарија? Никој не сака да се доведат во прашање нашите национални интереси, рече Трајанов во Дневникот на ТВ Сител.
Според него, изјавите од Бугарија од претходната влада на Бојко Борисов се повторуваат со посетата на тамошниот државен врв во Битола.
-Треба да се однесуваме подржавнички. Мораше да се разговара и реагира дека Ванчо Михајлов дека е фашист, дека го негира постоењето на Македонија. Требаше да му кажеме отворено на Петков. Не може секој што сака да прави во земјава. Немаше реакција од МНР, не упати нота, потенцира Трајанов.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…
Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…