Брука: СДСМ се огради од нивните советници кои гласаа Сонцето од Кутлеш да стане општинско знаме – ги загрозувале добрососедските односи

t

СДСМ ја информира јавноста дека не се целосно точни пласираните информации дека симболот на поранешното знаме (Сонцето од Кутлеш) со одлука на советот на општина Лозово е веќе официјално знаме на општината.

-Не станува збор за донесена одлука на Советот, туку за Заклучок со којшто се задолжува општинската администрација да провери дали овој симбол на поранешното знаме може да биде официјално знаме на општина Лозово. Иако не станува збор за конечна одлука, СДСМ се оградува од ова несоодветно однесување на советниците коешто може да се толкува дека е во спротивност пред сѐ со државните интереси, со добрососедските односи со Грција, но и со политиките и статутарните одредби на СДСМ, велат од владеачката партија.

Според нив, вакви непромислени постапки може да отворат прашања за непочитување на меѓународните договори, што негативно влијание на стратешките интереси на државата, а во конкретниот случај, Преспанскиот договор, кој директно го овозможува нашето членство во НАТО и го помага процесот на преговори со ЕУ.

-Во оваа насока, информираме дека Надзорниот одбор на СДСМ започна постапка, го разгледува овој случај и утврдува прекршување на етичкиот кодекс и статутарните одредби. Врз основа на одлуката на ова партиско тело ќе произлезат одлуки дали советниците на СДСМ ќе бидат исклучени од партијата, соопштија од партијата од „Бихаќка“.

Вчера претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански, информираше дека старото македонско знаме со 16 краци станало официјално знаме на општина Лозово.

-Велигденскиот подарок за Македонците каде и да се. Сакам да ве известам дека денес успеавме и ова е за прв пат во Македонија, македонскиот национален симбол да биде официјален во една општина. Се надевам дека предлогот на ТМРО ќе биде прифатен и во другите општини, објави Шехтански на Фејсбук.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…

СДСМ: На Денот на македонскиот јазик со…

Со многу посветеност, труд и ентузијазам СДСМ ги исполни…

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе…

"На 8 мај само вие, со моќта…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…