Цели три месеци истрагата за прегазениот пешак кај мостот “Гоце Делчев” тапка во место – Нема покренато обвинение за сторителот?

t

На 26-ти јануари во сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје животот го загуби 76-годишниот С.А.

Булеварот го преминувал на пешачки премин каде беше удрен од автомобил марка Бе-ем-ве со кумановска регистрација.

До ден денес, правдата во овој случај чека барем еден чекор до разврска. Но, случајот, од непознати причини тапка во место.

По трагедијата, телото беше предадено на обдукција, а обвинителот нареди да бидат обезбедени снимките од видео надзорот на околните објекти за да се утврдат причините за несреќата.

Цели три месеци истрагата е на исто ниво како и на денот на несреќата.

Нема обвинение за сторителот иако уште истиот ден во јавноста беше обелоденет нејзиниот идентитет.

КУРИР дознава дека доказите за овој случај се прибрани и причините за смртта се јасни од првиот ден. Нивни извори брифираат дека доказен материјал уште се собира, но одбија да ни одговорат кои се резултатите од анализата на крв и урина кои беа направени кај жената која го управуваше автомобилот кој го усмрти скопјанецот.

Сега загинатиот С.А. беше нечиј татко, нечиј дедо, пријател, сосед… Правдата во овој случај, како и во останатите, треба да биде што поскоро задоволена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загина пешак откако возило удрило во него…

Сообраќајна несреќа попладнево се случила на улицата…

Тешко повреден пешак во Куманово

На 13.11.2024 во 14.35 часот во СВР…

Прилепчанец прегазен од автомобил во Скопје

Вчера во 05.30 часот во СВР Скопје,…

Тешко повреден 80-годишник, го удриле со автомобил…

На 14.08.2024 во СВР Тетово било пријавено…