Захарова: САД да не глумат непристрасен судија, знаеме што правите со децении
Захарова и порача на Америка: Не глумете непристрасен судија, знаеме што правите со децении
Вашингтон злонамерно ја дестабилизира ситуацијата на полето на меѓународната безбедност и стратешката стабилност, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Извештајот на американскиот Стејт департмент за усогласеноста со меѓународните договори во областа на контролата на оружјето е уште еден неуспешен обид на Вашингтон да се претстави како „непристрасен судија“ кој има право неразумно да го оценува спроведувањето на меѓународните договори на другите земји“, рече Захарова.
Според неа, тешко дека постои објективен набљудувач кој ќе биде подготвен сериозно и без скептицизам да го сфати ваквиот извештај на земја која уништи низа важни меѓународни договори во изминатите децении, бидејќи „тие веќе не и одговараат национални интереси“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…