Продолжениот викенд си го направи своето: Гужва на ГП„Богородица“, познато колку туристи поминале граница

t

Сообраќајната раздвиженост на ГП „Богородица” од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на Велигденските празници. Во моментот за излез од земјава не се чека подолго од десетина минути, потврдија за МИА од дежурната гранична служба.

– -За разлика од изминативе две пандемски години, во моментот забележлива е зголемена сообраќајна фреквенција од возила и автобуси. Во изминативе 24 часа, во двете насоки, границата ја поминале 7.500 туристи кои, поради вршење на задолжителните полициски и царински формалности, не се задржале повеќе од пет минути, велат од дежурната гранична служба.

Расположливите капацитети на ГП „Богородица” се ставени во функција, а времето на чекање трае кратко и зависи од моментниот налет на сообраќајните бранови.

Малку подолго трае задржувањето на грчката граница поради дополнителната проверка на ковид сертификатите, ПЦР негативните тестови и брзите антиген тестови чија примена, според најавите од грчка страна, веројатно ќе бидат укинати по 2 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Апасиев: Ќе го избркаме секој пратеник…

Нема да се случи пратеник на Левица…

Ученици од Кавадарци продаваа крофни и организираа…

Младите хуманитарци од Кавадарци под името ,,Подари…

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија…

„Со цел да се зголеми подготвеноста на…

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Вчера околу 14:45 часот во СВР Охрид…

(Видео) Апасиев: Имаат „дил“ да го сменат…

На најголемиот христијански празник ДПМНЕ пушта дип-фејкови.…