Обединетите нации изразија “длабока загриженост” за насилството помеѓу Израел и Палестинците
Обединетите нации изразија „длабока загриженост” поради ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестинците откако денеска повторно избија судири во областа на џамијата Ал Акса во Ерусалим.
– Длабоко сме загрижени поради ескалацијата на насилството на окупираните палестински територии и Израел во текот на овој месец, рече Равина Шамдасани, портпаролка на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, пренесува БГНЕС.
Изјавата доаѓа откако израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека Хамас е одговорен за растечките тензии во Израел и палестинските територии.
Тензиите на палестинските територии се високи од почетокот на април поради повторените израелски кампањи за апсења на Западниот Брег.
Десетици Палестинци беа повредени во судирите со израелските сили минатиот петок во комплексот на џамијата Ал Акса во источен Ерусалим.
Превод: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…
Двајца израелски војници се убиени во Јужен…