Објавено на:

Страшна изјава на Рогозин: Најави Трета светска војна доколку некој се осмели да нападне руско вселенско летало

t

Нападот врз вселенско летало може да доведе до следната глобална војна, изјави во саботата Дмитриј Рогозин, шеф на руската национална вселенска агенција Роскосмос.

„Мора да се има на ум дека уништувањето на странско вселенско летало значи Трета светска војна. Тоа е casus belli, и нема сомнеж за тоа“, рече Рогозин, користејќи латински термин за формална правна причина за започнување војна.

Рогозин ја коментираше одлуката на Вашингтон да престане да врши антисателитски ракетни тестови. Објавувајќи го потегот во понеделникот, потпретседателката Камала Харис го нарече уништувањето на сателитите за време на ваквите тестови „непромислено и неодговорно“ бидејќи остава опасен вселенски отпад.

Шефот на Роскосмос, сепак, тврди дека САД сега „се преправаат дека се гулаби“ бидејќи веќе ги извршиле сите потребни тестови. „Овој потег, според тоа, треба строго да се смета како пропаганда“, рече тој.

Рогозин тврдеше дека Боинг Х-37, беспилотно американско летало слично на шатлот кое моментално орбитира околу Земјата, потенцијално може да се користи за шпионирање и носење оружје за масовно уништување. Тој рече дека предлогот на Русија и Кина да потпишат договор за забрана на поставување оружје во вселената бил дочекан со „мртва тишина“ во Вашингтон.

Стационирањето на оружје за масовно уништување во вселената е меѓународно забрането од 1967 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…

Пентагон размислува за започнување на војна против…

Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…

Саливaн: Нема недоразбирање меѓу САД и Израел,…

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан…

ОН: Газа повеќе не е погодна за…

Луѓето во палестинската енклава се „очајни, гладни…

Вашингтон Пост: Украина се мачи да најде…

Киев ја засилува граничната контрола додека десетици…