(Фото) Пример за културна соработка меѓу Македонија и Словенија: Изложбата “Црно бело во боја” е празник за очите за сите љунители на уметноста

t

Културна соработка помеѓу Словенија и Македонија

Цветан Гавровски – мајстор на уметничката фотографија

Во галеријата на Школскиот центар, Крањ, Република Словенија во тек е изложба на уметничка фотографија на тема “Црно бело во боја“, од познатиот македонски фотограф Цветан Гавровски. На културен план тоа е пример за добра меѓудржавна културна соработка помеѓу Република Македонија и Република Словенија. На уметнички план, од аспект што се може да ни долови црно-белата фотографија, изложбата е празник за очите. Преку фотографиите во црно бела техника, мајсторот на фотографија Цветан Гавровски ни ја покажува сета убавина и богатството на животот, природата и урбаните средини. Тоа се овековечени прекрасни моменти – од умешноста на фотографот и можностите на camera obscura на фотографот. Вљубеник во црно-белата фотографија, изложените фотографии ги доживува како “40 нијанси во боја“, што е многу повеќе феномен, отколку парадокс. Изложбата трае до 17 мај 2022г. Вреди да се погледне и да се ужива во микс од мајсторство и убавина.

Цветан Гавровски е доктор на технички науки од областа на електрониката. Во професионалната кариера беше редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Р. Македонија.

Арт фотографијата е негова преокупација над четириесет години.
Учествувал на преку двеста групни изложби во земјата и странство. Автор е на петнаесет самостојни изложби (Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Србија, Словенија).
Негови осврти и критики за фотографијата се публикувани во списанија и во дневниот печат.

Добитник е на бројни значајни награди за фотографија на домашни и меѓународни изложби: FIAP (The International Federation of Photography) – златен и бронзен медал; PSA (Photographic Society of America) – златен медал; UPI (United Photographers International) – бронзен медал; RPS (The Royal Photographic Society) – златен медал; GPU (Global Photographic Union) – златен медал.

Чест член е на жирија на меѓународни изложби под патронат на меѓународните федерации на арт фотографија FIAP, PSA, UP. Учесник на повеќе меѓународни уметнички колонии. Почесен член на Бугарската Фотографска Академија.
Претставник на Image Colleague Society International – USA за Македонија. Член е на академскиот фото клуб ЕЛЕМА од Скопје. Беше претседател на клубот и даде значаен придонес во афирмација на истиот. Претседател е на Фото Сојузот на Македонија (ФСМ) во периодот од 1985 до 1999 година, и од 2002 до 2009 година.
Во 1995 година, на 23-от конгрес на FIAP во Андора, го претставува ФСМ и придонесува ФСМ да стане национален репрезент на македонската фотографија во светската федерација FIAP. Од 1995 до 2019 година е претставник на FIAP за Македонија. Ја претставува македонската фотографија со фотографии во колекциите на светските FIAP изложби во: Кина (1997, 2006), Швајцарија (1999), Италија (2001), Унгарија (2004), Луксембург (2004), Словачка (2008), Ирска (2009), Шпанија (2012), Индонезија (2015), Кореа (2016), Шпанија (2019). Носител е на звањaтa Мајстор на Фотографија на Фото Сојузот на Македонија (МФФСМ) и на звањето EFIAP – Excellence FIAP на Светската Фотографска Федерација.

Сотир Костов

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…

Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана

Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…