Нема веќе пријателство: Во Киев се отстранува споменикот што е симбол на пријателството меѓу рускиот и украинскиот народ
Во Киев денеска се отстранува бронзениот споменик висок осум метри, кој прикажува два советски работници. Споменикот беше подигнат во 80-тите години од минатиот век и го симболизираше пријателството помеѓу рускиот и украинскиот народ.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека „потезите на Русија го уништиле таквиот однос“, додавајќи дека за „споменикот од советска ера повеќе нема место во градот“.
Тој најави дека споменикот на работниците ќе биде заменет со споменик на Украина.
Два месеца по руската инвазија врз Украина, властите на Киев донесоа одлука за отстранување на споменикот. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…