Објавено на:

Европската Комисија воведува низа заштитни механизми и ќе преземе мерки за заштита на новинарите

t

Потпретседателката на Европската Комисија, задолжена за вредности и транспарентност, Вера Јурова, денеска презентираше предлог кој има за цел да се ограничат и спречат злоупотребите во тужбите против новинари и бранители на човековите права.

Предложената директива, позната како СЛАПП во жаргонот во Брисел, има за цел да им помогне на судиите брзо да отфрлат тужби против новинари и активисти за човекови права кога се „очигледно неосновани”, и воведува низа заштитни механизми и отштети, како и обесхрабрувачки казни во случај на злоупотреба на тужби.

Покрај ова, Европската Комисија објавува и Препорака до земјите-членки да ги усогласат домашните закони и правила со оние на ЕУ за националните случаи. Директивата на ЕУ се однесува на цивилни процедури кои имаат прекугранични импликации.

Јурова изјави дека со овој предлог се дава ветување за подобра заштита на новинарите и бранителите на човекови права против оние кои се обидуваат да ги замолчат.

– Во демократија богатството и моќта не смеат никому да дадат предност врз вистината. Со овие мерки помагаме да се заштитат оние кои преземаат ризици и гласно говорат кога во прашање е јавниот интерес, кога известуваат за наводи за перење пари и корупција, животна средина, климатски прашања и други теми кои се важни за сите нас, изјави Вера Јурова.

Комесарот за правда, Дидие Рејндерс, од своја страна, истакна дека слободата на изразување е клучна за здрава демократија и дека „ЕУ секогаш ќе го штити тоа право”.

Со овој предлог, рече тој, се даваат и конкретни алатки за да се врши надзор врз злоупотребата на законски процедури против новинарите и слободата на изразување.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија произведе моќен систем за заштита од…

Русија создаде комплексен систем за заштита на…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…