(Видео) Јакимовски со апел до Пендаровски: Претседателот да ги искористи законските можности и да ги извади осудените за 27 април од затвор – Доста беше

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски упати апел до Претседателот Пендаровски да ги искористи законските можности кои ги има Претседателот на државата и да ги ослободи затворените за 27 април.

“Секогаш кога се казнува се казнува и причината и последицата, значи во затвор треба да бидат и причината и последицата. Кај нас само последицата е во затвор. Никој не го осуди Крсто Муковски за отварањето на вратата, секако не требаше да има насилство ама не се казни тој што го поттикна.

Еве јас упатувам апел до Претседателот Пендаровски, што беше, беше. Сега треба да смогнете сили и дали аболиција, дали амнестија, не знам јас не сум правник, да ги ослободите тие луѓе. Ова е веќе премногу, тие луѓе 6 години се по затвори. Во САД имаше мртви луѓе за ист настан и добија условни, ова се претера веќе.”- рече Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=3128243547429364&notif_id=1651057919667140&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…