Поранешен заменик командант на НАТО порача: Западот да се подготви за војна со Русија
Се повеќе има реакции на вчерашната изјава на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас која порача дека руските сили треба да бидат протерани од цела Украина.
Поранешниот заменик командант на НАТО за Европа, генерал Ричард Ширеф, рече дека тоа е „апсолутно вистинскиот пристап“.
-Таквиот пристап треба да биде придружен со значителни ресурси. Ова треба да се направи правилно, преку Алијансата како целина, изјави Ширеф за Би-Би-Си.
Генералот Ширеф предупредува дека рускиот претседател Владимир Путин на тоа би можел да одговори со агресија, но посочува дека ескалацијата е неопходна „за да се покаже дека Западот е сериозен“.
-Војната со Русија е најлошото сценарио, но подготвувањето за најлошото сценарио веројатно би можело да го одврати Путин бидејќи на крајот Путин ја почитува само силата, заклучил генералот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…