Скандал: Директорот на Ансамблот за албански народни ора и песни го крие имотот од Антикорупциска?

t

Директорот на Ансамблот за албански народни ора и песни, Шкодран Толај нема доставено анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција, открива „Фокус“.

Откако направивме проверка на онлајн системот, увидовме дека таму не може да се пронајде анкетниот лист за имотната состојба на Толај.

За да се утврдиме дали директорот воопшто ја нема исполнето оваа законска обврска или пак имотниот лист само не е прикачен во онлајн системот, упативме прашање до Државната комисија за спречување корупција и побаравме да проверат во својата евиденција.

Во врска со вашето прашање упатено до Државната комисија за спречување на корупцијата, ве известуваме дека од увидот во својата евиденција, Државната комисија конснатира дека лицето Шкодран Толај, нема доставено анкетен лист по именување/избор на функцијата директор на  Ансамблот за албански народни ора и песни, одговорија од ДКСК за „Фокус“.

Државната комисија информираше дека веднаш оформила предмет со цел утврдување на фактичката состојба во конкретниот случај, по што, доколку постојат законски основи, против именуваното лице ќе иницира прекршочна постапка за прекршок утврден во член 82 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси казнив по член 109 од истиот закон.

Воедно, Државната комисија ќе му укаже на директорот Толај кој на позицијата е од 2019 година да ја исполни законската обврска за пополнување и доставување на анкетен лист.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…