Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска имаше средба со проф. д-р. Рубин Земон

t

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска имаше средба со проф. д-р. Рубин Земон, претседател на партијата ПОЕН и поранешен пратеник во парламентот.

На средбата стана збор за актуелната политичка ситуација во државата, особено за позицијата на помалите етничките заедници кои не се споменуваат во Уставот – Црногорците, Хрватите, Египќаните, Торбешите и други. Во разговорите посебно стана збор за барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот.
Двајцата лидери потенцираа дека најдобар модел за развој на државата е граѓанскиот модел.

Рубин Земон, како етнолог истакна дека етнонимот Еѓупци е традиционален на просторите на Македонија кој има континуитет во заедницата на Египќаните.

Претседателот на ПОЕН изрази благодарност до градоначалникот и лидер на ГРОМ што неговата партија како парламентарна партија дава поддршка за внесување на Египќаните во Уставот.

Професорот Земон на градоначалникот Јакимовски му ја подари книгата „Балканскиот етнички феникс“ која е посветена на заедницата на балканските Египќани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…

Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…

„Платформа 12.05“: Само со вистинско обединување на…

Уште еднаш се потврди дека без вистинско…

Цените на гасот во Европа за првпат…

Цените на гасот во Европа пораснаа за…

Јордан: Уапсени три лица осомничени за нападот…

Безбедносните сили на Јордан уапсиле тројца осомничени…

Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…

Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…