Серија еко проекти во организација на Кисела Вода, Гоу грин и РЕДИ Рециклажа
Поддршка на младинските еко политики преку реализирање на низа еколошки проекти беше договорено на средбата помеѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставниците на Здружението Гоу Грин и Друштвото за управувње и собирање на отпад РЕДИ Рециклажа.
На овој работен состанок, здруженијата беа информирани за досега реализираните активности на Општината во областа на екологијата и заштитата на животната средина. Градоначалникот им ги претстави планските насоки на неговото работење и проектите кои веќе течат, како што се чистење на големите депонии и изградба на самоодржливи паркови на нивно место, енергетската обнова на училишните објекти и други проекти кои се во завршна фаза.
Со раководствата на двете здруженија се дискутираше околу наредните чекори и беше договорен заеднички пристап во комуникацијата и едукацијата на граѓаните за подигнување на свеста околу еколошките прашања, како и за третманот на отпадот, за што со Друштвото за управувње и собирање на отпад РЕДИ Рециклажа беше потпишан и Меморандум за соработка.
Средбата беше заокружена со уверување од градоначалникот Ѓорѓиевски дека ќе ја задржи насоката на водење политика на управување на општината која промовира одрливо користење на природните ресурси и заштита на животната средина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…
„Платформа 12.05“: Само со вистинско обединување на…
Уште еднаш се потврди дека без вистинско…
Цените на гасот во Европа за првпат…
Цените на гасот во Европа пораснаа за…
Јордан: Уапсени три лица осомничени за нападот…
Безбедносните сили на Јордан уапсиле тројца осомничени…
Меџити: Промените победија во Србија, крајот на…
Еден од копретседателите на ВЛЕН и градоначалник…