Русија врие: Балтичките земји и Полска бараат зголемено присуство на НАТО на нивна територија
Трите балтички држави плус Полска, по денешните разговори на министрите за надворешни работи во Рига, повикаа на поголемо присуство на НАТО на нивна територија.
Полска, Естонија, Литванија и Летонија, на самитот на НАТО во Мадрид што ќе се одржи кон крајот на јуни, сакаат да извршат притисок за посилна заштита долж источното крило на Алијансата.
– Сакаме да постигнеме постојано присуство на НАТО во балтичките земји и Полска за да можеме да се спротивставиме на какви било закани од Русија и Белорусија и да ја заштитиме секоја педа од нашата територија, истакна домаќинот на средбата, летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.
Сите четири земји од ЕУ и НАТО делат граница или со Русија, со нејзиниот близок сојузник Белорусија или со двете.
На средбата четворицата министри разговараа и за можностите за понатамошна поддршка на Украина и се изјаснија за поголема испорака на оружје за Киев.
Покрај тоа, тие се договорија за блиска соработка во енергетскиот сектор за што побрзо да се елиминира зависноста од руските ресурси, а исто така повикаа и на построги санкции против Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…