Протест на родителите на деца со попреченост: “Душата ме боли, секој ден плачам ама никој не ме слуша – Еден министер нека излезе од зградава ќе бидеме благодарни”

t

Секој ден плачам. Еве и сега плачам. Душата ме боли. Ама никој не не слуша. Немаме поддршка воопшто. Тие си играат играчки со нас.

Родителите на децата со посебни потреби излегоа на протест пред Собранието. Бараат покачување на посебниот додаток, но и додатокот за туѓа нега. Гоце Лефтеровски, чија ќерка има аутизам, вели дека ниту една институција нема слух за родителите и децата со попреченост.

-Еден да излезеше да види што е работата. Еден министер, еден да излезе… еден нека излезе низ онаа врата јас ќе бидам благодарен, да не слушне што мака имаме. Не вака преку вас, преку Телевизија. Срамота е стварно. Тешко ни е… многу ни е тешко.

Во моментот добиваат по 5.200 денари, за кои велат дека се недоволни и бараат помошта да се зголеми за 100 отсто. Велат дека се оставени сами на себе и оти поддршка не добиваат ни околу набавката на ортопедски помагала.

– Родителите не можат да работат. Еден родител мора постојано да биде со детето. Затоа ни треба и асистенти и поголема парична помош. Што ние ќе направиме со 5.000 денари?

И самите деца велат дека потребна им е помош бидејќи нивните родители се исцпени.

-На овие деца во количка најмногу што им треба во овој момент е персонален асистент бидејќи нашите родители се веќе истрошени. Треба да им помогнат. И не само 4 часа, туку 24 часа треба да имаме персонални асистенти.

Пратениците во Собранието гласаа против носење на измените на Законот за заштита на децата со кој помошта требаше да се зголеми.

Видео од протестот на следниот линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…

Јавен повик од семејствата на загинатите во…

(Видео) ДА СИ ДАДЕТЕ ОСТАВКА, ПИ*КИ! Остра…

Таткото на починатиот член на бендот ДНК…

(Видео)Протестен марш на семејствата на загинатите во…

Во 16 часот родителите, семејствата, роднините, пријателите…