Маричиќ за спорот со Бугарија: Топката е во рацете на нашите соседи
Топката е на бугарската половина – тоа е ставот на Владата, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, за последните случувања на релација Скопје-Софија. Тој вели оти во текот на разговорите, координацијата постојано одела на владино ниво и „никој не настапил соло во тие разговори“.
Маричиќ информира дека интензивно се разговара со бугарската влада во стоте дена во кои функционира владата на Димитар Ковачевски.
„Сакавме да има разноликост во темите, за да можеме нашите односи да не се базираат само врз историските прашања. Мислам дека имавме успешен процес кој ја промени енергијата. Сепак тоа што се случи во Битола не го помага процесот, но ние не се откажуваме. Вложивме многу труд. Одевме на тенка линија меѓу баланс на заштита на обележјата на Македонија и интересот да ги почнеме преговорите. Се уште нема решение, инаку би знаела јавноста. Има напредна фаза во преговорите“, рече Маричиќ во емисијата „360 степени“ на Алсат.
„Сѐ уште немаме официјални документи според кои би побарале став. Очекуваме да видиме како таму ќе се развиваат односите и дали постои подготвеност од нивната влада за да се продолжи со преговорите“, додаде вицепремиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…
Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…
Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…
Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…