Објавено на:

Познатиот холивудски режисер Стоун: САД се како куче доберман, животно убиец со многу пари – Сакаат да го соборат Путин и да ги соберат руските резерви

t

„САД се како куче доберман – животно убиец со многу пари“, изјави прославениот холивудски режисер.

Контролата над Украина отсекогаш била дел од американските планови, изјави американскиот филмски режисер Оливер Стоун во интервју за шпанските новинари, пренесува ТАСС.

Според режисерот, „Украина е дел од американскиот план, тоа отсекогаш било“. Според него, Вашингтон го испровоцира актуелниот конфликт меѓу Русија и Украина. САД извршија „пуч во Украина во 2014 година за да ја вратат прозападната влада“, рече режисерот.

– Украина дотогаш беше неутрална и важно е да се запамети тоа. Одеднаш Русија стана непријател, рече Оливер Стоун.

Според Стоун, целта на американското раководство е да го собори рускиот претседател Владимир Путин и да пристапи до руските ресурси „по одредена цена“.

Режисерот ги нарече САД „доберман, методично животно – убиец со многу пари“. Во исто време, Владимир Путин е, според Оливер Стоун, „разумна, мирна, внимателна личност“.

– Ние создаваме непријатели за да одржиме работите. На државата и треба стратегија на тензија бидејќи тензијата го движи светот, а производителите на оружје се среќни затоа што продаваат оружје на овие земји – резимира режисерот кој пред неколку години сними докуметарен серијал со Путин во Кремљ каде рускиот претседател одговараше на низа провокативни прашања на славниот холивудски режисер и оскаровец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…

Бербок ја обвини Русија за сајбер напад…

Германското Министерство за надворешни работи ги покани…

Захарова ги предупреди Вашингтон, Лондон и Брисел:…

Официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи…