Украинскиот амбасадор во Германија: Третата светска војна веќе почна!
Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник даде големо интервју за германски „Билд“.
„Светлината исчезна. Шетањето и уживањето во сонцето изгледаат непримерно во ваква ситуација. Има живот пред и по 24 февруари. Треба да можеш да се смееш, инаку ќе полудиш. Но, мене ми е многу тешко, како и на сите во Украина. Поминав многу непроспиени ноќи размислувајќи за ужасните воени злосторства што Русите ги прават во мојата татковина“, вели Андриј Мелник.
Запрашан за ескалацијата на конфликтот, тој рече дека третата светска војна веќе започнала.
„Третата светска војна веќе започна. Нападот на Путин на Украина влијае на сите. И на Германија, иако сè уште не воено. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со намален НАТО сојуз, сојуз каде Полска, Чешка и Словенија веќе не би биле членки. Стравот дека Германија ќе стане страна во војната е целосна глупост. За Путин, Германија е веќе страна во оваа војна. Руската победа во Украина би била најлошото нешто што може да ѝ се случи на Германија“, рече тој.
Што се однесува до вооружувањето, Мелник кажа дека тенковите што ги испратила Германија се стари 40 години.
„За да победиме против Русија, ни треба модерно германско оружје“, нагласи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…
Месечните загуби на Русија во Украина го…
Сменетиот украински министер ќе биде советник на…
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…
Повеќе од 200 лица евакуирани по руски…
Повеќе од 200 лица биле евакуирани во…
Германија заостанува со резервите на гас: Студената…
Германија заостанува со полнењето на складиштата за…
Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани…
Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани…