Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира соработка со Nvidia

t

Германската федерална влада планира широка соработка со американската компанија Nvidia, еден од водечките светски производители на чипови за вештачка интелигенција, со цел да се забрза примената на таа технологија во индустријата и да се намали јазот со САД и Кина, објави денеска германскиот весник Ханделсблат, повикувајќи се на извори запознати со проектот.

Според весникот, германската влада е подготвена да инвестира неколку стотици милиони евра во проектот, што би обезбедил компјутерски капацитети и би развил нови модели на вештачка интелигенција наменети за индустриска примена.

Се очекува соработката официјално да биде претставена следната недела на инвестицискиот самит „Инвестирајте во Германија“.

Извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, треба да пристигне во Берлин в понеделник, каде што ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…

Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…

Кола намерно влета во луѓе во Германија,…

Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…

Германската агенција за вработување се противи на…

Германската влада планира да ја преполови квотата…

Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…

Германската федерална влада планира широка соработка со…