Објавено на:

Непознат маж во Виена пукал во воз во подземната железница

t

Како што информираа од виенската полиција, а денеска објави весникот Österreich, синоќа нешто по 22 часот на подземната станица Friedensbrücke во Виена, непознат маж, според полицијата, пукал од пушка во воз што доаѓал во метрото, а потоа избегал.

Како што е констатирано на лице место, искршени се две стакла на влезната врата на еден од вагоните на подземната железница, пишува Fenix’ Magazine.

Портпаролката на виенската полиција Барбара Гас го потврди случајот, истакнувајќи дека „не е сосема сигурно“ дали истрелот бил испукан од пишка бидејќи на местото на настанот не биле пронајдени куршуми. Затоа, според истиот извор, не е исклучено нападот на метрото да бил извршен со некое друго огнено оружје или камен испукан од прачка.

Според медиумите, полицијата сега е на потег, со надеж дека нивните истражители, откако ќе ги прегледаат снимките од видеото или камерите поставени на сите станици на метрото, наскоро ќе го откријат сторителот на оштетувањето на вагоните на метрото. А казната за стореното (не) дело секако нема да биде мала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еѓипќанец уапсен на „Богородица“

На 25.05.2024 во 10.00 часот на Граничниот…

Сѐ уште нема конечен договор меѓу ЗНАМ…

– Сѐ уште нема конечен договор, тоа што…

Апасиев: Добро е за државата ДУИ да…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во интервјуто…

Жестоко гранатирање на Харков: Најмалку 12 загинати…

Бројот на загинати во рускиот воздушен напад…

(Фото) Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест…

Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува…