До каде е укинувањето на рестриктивните мерки против Ковид-19 во Македонија? Комисијата за заразни болести уште пред една недела препорача олабавување, Владата се уште “се мисли”

t

Додека во соседството се укинуваат рестриктивните мерки за заштита од вирусот Ковид-19, се уште се чека зеленото светло од Владата за препораката од Комисијата за заразни болести.

Комисијата за заразни болести уште пред една недела препорача укинување на сите рестриктивни мерки за Ковид-19, освен задолжително носење маска во здравствените установи, аптеките, јавниот превоз и во домовите за стари лица.

Според најавите, с еочекува Владата да ја прифати оваа препорака на следниот состанок на Кризниот штаб, иако предлогот се уште не поминал таму. Од Владата за ТВ Сител не можат да потврдат дали тоа ќе помине на утрешната редовна владина седница.

Во земјите од соседството и региоонот се укинати сите рестриктивни мерки и условите за минување на границата, освен во Грција каде што се уште се бараат заштитни маски во затворен простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…